Ќерката на актерите Бред Пит (60) и Анџелина Џоли, Шајло Џоли-Пит, пред неколку дена го прослави својот 18-ти роденден. Набрзо решила да го смени презимето, поточно да се откаже од презимето на нејзиниот татко, пренесe TMZ.
Шајло поднела барање за отстранување на „Пит“ од нејзиното презиме, а нејзиното барање сè уште не е одобрено. Сепак, како што пренесуваат странските медиуми, барањето секако ќе биде одобрено, а нејзиното име потоа ќе гласи Шајло Џоли.
Неодамна втората ќерка на поранешните сопружници, Вивиен, одлучи дека не сака да има никаква врска со нејзиниот татко. На плакатот за претставата „Аутсајдери“, наместо Вивиен Џоли-Пит, како што се претставува со години, беше напишана Вивиен Џоли. Се уште не е познато дали таа официјално го променила презимето.
Пред неколку месеци нивната најстара ќерка Захара се претставила само со презимето на нејзината мајка, а нивниот син Медокс наводно не го користи презимето Пит во неофицијални документи.
Да потсетиме, Анџелина поднесе барање за развод од Бред во 2016 година и побара целосно старателство над нивните деца – Захара, Медокс, Пакс, Шајло, Нокс и Вивиен. Не е познато каков однос имаат децата во моментов со нивниот татко, но судејќи по тоа што речиси сите решиле да го сменат презимето, изгледа дека тие врски не се толку добри.
Инаку, разводот на Анџелина и Бред се уште не е финализиран, иако тие официјално се слободни од 2019 година.