Шакира го откажа својот трет концерт и ги загрижи сите: Се сомневаат дека причината не е техничка

од Марта Пешевска
17 прегледи

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира го откажа својот настап на WorldPride фестивалот во Вашингтон, што е веќе трет концерт откажан за само неколку дена. Таа требаше да настапи денес на стадионот Nationals Park, но организаторите во петокот објавија дека концертот нема да се одржи. Во официјалното соопштение се наведува:

„Поради проблеми со претходниот концерт во Бостон, целата продукција на Шакира не може да се премести во Вашингтон на време. И покрај сите напори, концертот за жал не може да се одржи како што е планирано.“

Оваа вест следи по двојното откажување на концертите во Бостон, закажани за четврток и петок во Фенвеј Парк. Подготовките таму беа прекинати само неколку часа пред почетокот, поради безбедносна инспекција која открила дека одредени делови од сцената не ги исполнуваат потребните стандарди. Иако првично се сметаше дека техничките проблеми се ограничени само на Бостон, тие сега се одразуваат и на остатокот од турнејата. Продукцискиот тим, наводно, се соочува со сериозни логистички предизвици при преместувањето на опремата и сцената за следните настапи. Но, меѓу обожавателите почнуваат да се јавуваат сомнежи – дали навистина станува збор само за технички проблеми?

Шпекулациите се засилија откако Шакира неодамна доживеа мистериозен пад на сцена за време на концерт во Монтреал. Дополнително, во февруари беше хоспитализирана поради болки во стомакот и мораше да го откаже настапот во Лима. Во март, уште два концерта во Чиле беа откажани поради проблеми со сценската продукција. Шакира ја започна својата турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ на 11 февруари со спектакуларен настап во Рио де Жанеиро. Иако турнејата предизвика огромен интерес низ целиот свет, честите откажувања и организациски потешкотии го загрозуваат враќањето на пејачката на големата сцена.

Сè уште не е јасно дали откажаните концерти ќе бидат надоместени, но тимот на пејачката уверува дека прават сè што е во нивна моќ остатокот од турнејата да помине без понатамошни проблеми. Покрај професионалните предизвици, Шакира минува и низ турбулентен период во приватниот живот. Нејзиниот најнов албум, „Las Mujeres Ya No Lloran“, носи силна емоционална порака, а песната „BZRP Music Sessions #53“ стана светски хит поради нејзината отворена критика кон поранешниот партнер Жерар Пике и неговото неверство. Фановите се надеваат дека нивната омилена ѕвезда ќе успее да се врати на сцената посилна од кога било, но сè повеќе се поставува прашањето – што навистина се случува зад сцената?

Слични содржини