Колумбиската пејачка Шакира го замолила својот поранешен сопруг Жерар Пике да се пресели во Интер од Мајами за да може да ги гледа децата, пренесоа „Марка“ и „Ас“.
По разделбата, славната двојка се обидува да се договори за условите за старателство над децата и за гледање со наследниците, а Шакира му кажала на Пике дека планира да живее на Флорида со синовите Милан и Саша.
Сопственик на Интер Мајами е познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам, а се споменува дека акциите на клубот ги купил и Лионел Меси кој би можел да ја заврши кариерата во Мајами.
Пике сака да одигра уште една сезона во дресот на Барселона, а Каталонците повеќе би сакале да се ослободат од неговиот договор поради огромните финансиски проблеми кои ги имаат.
Шакира и Пике треба повторно да се сретнат и да разговараат за опциите за иднината на 4-ти август. За тоа време фудбалерот ќе тренира со Каталонците, а пејачката ќе биде на одмор со своите деца.
Gerard Piqué could go to Inter Miami to be close to his children after his separation from Shakira https://t.co/27r0NlsuNL
— All World News (@awn_site) July 21, 2022