440
Колумбиската пејачка Шакира го откажа денешниот концерт во Лима, откако беше хоспитализирана поради стомачни проблеми.
Таа на својот Инстаграм и Икс профил објави дека моментално е хоспитализирана и дека лекарите ја информирале дека не е во состојба да настапува, пренесе АП.
„Многу сум тажна што нема да можам да се качам на сцената денес. Бев длабоко емотивна и возбудена што повторно ќе се соединам со мојата сакана перуанска публика“, сподели Шакира.