Шакира и Пике не живеат заедно, го фатила со друга жена

од Nikola Popovski
318 прегледи

Познатиот шпански фудбалер Жерар Пике и познатата пејачка Шакира наскоро би можеле да ја прекинат долгогодишната врска.

Според шпанските медиуми, Шакира наводно го фатила Пике со друга жена и наскоро ќе се разведе. Шпанецот веќе почнал да живее сам во Барселона.

Да потсетиме, Пике и Шакира се заедно 12 години, а фудбалерот е десет години помлад. Двајцата се заедно од Светското првенство во 2010 година, кратко откако песната „Waka Waka“ стана планетарен хит. Ова го привлече вниманието на Пике кој ѝ пишал и така започнала љубовната романса.

Слични содржини