Шакира: Песните кои ги пишувам се најдобрата терапија за мене

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Песните кои ги пишувам се најдобрата терапија за мене, нивниот ефект е подобар од сеанса со психолог или психоаналитичар, изјави колумбиската ѕвезда Шакира во првото интервју што го даде откако објави песна во која остро го прозва поранешниот партнер Жерар Пике.

Пејачката во јануари ја сними песната „BZRP Music Session #53“ и тоа било големо олеснување, откри таа во интервју за мексиканска телевизија.

„Влегов во студиото во едно расположение, а го напуштив во сосема друго. Тоа беше одлично растеретување, исцелување, закрепнување“, објасни таа.

„Без таа песна верувам дека не би била таму каде што сум денес“, додала Шакира.

Нејзиниот 10-годишен син Милан ѝ дал идеја да напише песна во соработка со аргентинскиот продуцент Бизарап, вели таа.

„Ми рече: Мораш да снимиш нешто со него, Бизарап е аргентински бог“.

Шакира и 36-годишниот поранешен фудбалер во април објавија дека се разделуваат, по повеќе од една деценија заеднички живот во кој добија две деца, Милан и Саша (8).

Слични содржини