195
Новата песна на Шакира со недели е главна тема во која таа брутално го нападна својот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике, откако беше објавено дека ја изневерува.
Колумбиската ѕвезда ладно ја сервираше одмаздата, но нема да застане тука.
Според шпанските медиуми, таа наскоро ќе објави уште една песна во која ќе се осврне на Пике.
Шакира ќе ја објави новата песна на 2 февруари, што не е каков било датум, туку денот кога и пејачката и Пике ги слават своите родендени.
Новите тврдења сугерираат дека новиот хит на Шакира ќе содржи референци за Пике, но на посуптилен начин.