Во последните години се помалку се пишува за Жерар Пике поради фудбалот, се повеќе се зборува за неговиот приватен живот. По 12 години врска, одличниот дефанзивец и пејачка Шакира раскинаа.
Колумбијката го фатила шпанскиот фудбалер во прељуба, а сега се појавија нови детали. Бугарските спортски портали пренесуваат дека Пике ја изневерил Шакира со Драгана Спасовска. Во прашање е старлета родена во Скопје, а долго време живеела во бугарскиот град Пловдив.
– Приказната за нас е многу актуелна во Бугарија, но во овој период ниту би потврдила ниту би демантирала, рекла Спасовска.
Жерар Пике и убавата Македонка имаат заеднички слики.
– Секако дека го познавам Пике Имаме и заеднички фотографии. Тоа е нешто што не можам да го негирам. Но, не можам да зборувам за сите други детали за сето она што кружи деновиве, додала Спасовска.
Шпанските таблоиди, пак, се убедени дека Пике ја изневерил Шакира со 22-годишна русокоса која претходно работела како хостеса во еден од ноќните клубови во Барселона.