Пејачката Шакира е главна тема на таблоидите последните неколку недели. Прво се пишуваше дека е во врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, а сега дека му фрлила око на раперот Дрејк.
Шакира и Дрејк се фотографирани како заминуваат од приватна забава заедно во Лос Анџелес околу 4:30 часот наутро. Извори од местото на настанот за „Дејли мејл“ наведуваат дека тие флертувале и дека канадскиот рапер е новото момче на пејачката.
Шакира (46) е десет години постара од Дрејк (36), кој излегуваше со некои од најпосакуваните жени на јавната сцена, како Џенифер Лопез и Ријана.
А каде е Луис Хамилтон во целата приказна? Шакира и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 летово биле фотографирани како поминуваат време на јахта, а биле заедно и за време на Големата награда на Британија. Меѓутоа, медиумите сега пренесуваат дека меѓу нив не се случува ништо повеќе од „преубаво пријателство“.
Шакира минатата година објави дека се разведува од Жерар Пике, а парот моментално се бори за старателството над синовите Милан и Саша.