Шакира уживаше со НБА ѕвезда: Романтичната вечера траела до раните утрински часови (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
776 прегледи

Љубовниот живот на Шакира постојано е тема на светските медиуми.

Колумбиската ѕвезда по раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике по 10 години врска, не престанува да ја интригира јавноста, па постојано се шпекулира дека популарната пејачка си нашла нова љубов.

Гласините за нова врска започнаа откако Шакира беше видена како ужива на романтична вечера со НБА ѕвездата Џими Батлер, а нивното дружење траело се до утрото, пренесува Marca.

Папараците ги снимиле Шакира и Батлер пред ресторан во Лондон. Според извештаите, тие дошле одвоено, а заедно излегле од локалот околу два часот по полноќ. Тие се уште не се изјасниле за тоа што медиумите го пишуваат за нивната наводна врска.

Пејачката минатиот месец го гледаше тимот на Батлер како игра против Денвер Нагетс во финалето на НБА.

Ова не е првпат да се пишува за тоа како Шакира нашла нова љубов. Според претходните извештаи на медиумите, Шакира била видена во друштво на познатиот актер Том Круз, а во мај заедно присуствувале на трката во Формула 1, каде Круз наводно се обидел да ја придобие пејачката. После тоа во неколку наврати беше видена со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, а сега се зборува за врска со НБА ѕвездата.

Слични содржини