Пејачката Шакира последните денови е во Њујорк, а тоа го искористи за да ги однесе синовите Милан и Саша на Тајмс Сквер, како и во позната продавница за слатки.
Момчињата биле воодушевени, а пејачката потоа при разговор со жена почнала да плаче.
#Shakira se puso emocional en una tienda en Nueva York conversando con alguien de su equipo 🥺. ¿estará llorando por #Pique? 🧐
📸: The Grosby Group pic.twitter.com/o2EhkfQNRu
— elgordoylaflaca (@ElGordoyLaFlaca) March 14, 2023
Како што пренесоа странските медиуми, најверојатно се работи за сопругата на братот на пејачката, а иако Шакира носела капа и се обидувала да се сокрие од папараците, тие успеале да направат неколку фотографии од неа како плаче.
Таа подоцна присуствуваше на натпревар и се чинеше дека е добро, а нејзините обожаватели изразија загриженост поради фотографиите од Шакира како плаче, за кои мислеа дека има врска со нејзиното раскинување со фудбалерот Жерар Пике минатата година.