Шакира заведе уште еден познат спортист

од Nikola Popovski
254 прегледи

Како што пишуваат одредени шпански медиуми, колумбиската пејачка Шакира пронашла нова љубов.Според нивните наводи, поп ѕвездата започнала романса со уште еден спортист.

Станува збор за Џулијан Еделман, 27-годишен поранешен НФЛ играч. Славната Колумбијка го помина ла роденденот во Мајами со поранешната НФЛ ѕвезда, што покрена шпекулации, иако се уште никој не ја потврдил врската, но се чини дека се прашање на денови кога ќе го направат тоа.

Да потсетиме, Шакира беше во долгогодишна врска со поранешниот играч на Барселона Жерар Пике, со кој има две деца.

Она што е интересно е дека Еделман е повеќе од една деценија постар од својата нова партнерка, што беше случај и со славниот Шпанец. По раскинувањето со Пике, Шакира беше поврзувана со Луис Хамилтон и кошаркарот Џими Батлер.

Еделман е трикратен шампион во НФЛ со Њу Ингланд Патриотс.

Слични содржини