839
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од движењето Одлучно за промени, Бени Шаќири, вели дека е задоволен со резултатите од денешните избори, зошто покажаа дека во црно-белиот политички свет има шаренило.
-Конечно, граѓаните меѓу црно-белиот свет сфатија дека имаат избор и знаат да го препознаат шареното.Граѓаните се доволно паметни и свесни за кого треба да го дадат својот глас, мислам дека е дегутантно јас да им кажувам што треба да прават, изјави Шаќири за Сител.