Шаќири: Немам партиска книшка, иако долги години ги поддржував СДСМ

од Nikola Popovski
416 прегледи

Мотивите зошто се кандидирав се многубројни, иако себеси не сум се гледал во такво издание. Кога ќе видите дека околу вас парадираат добро спакувани импровизатори, тогаш во даден момент чувствувате дека сте се прецениле, односно сте се потценилеи решавате да направите чекор кон нешто подобро, вели музичарот Бени Шакири, кој е кандидат за градоначалник на Скопје од ДОМ и ЛДП.

Тој потенцира дека ќе понуди еден конкретен и малку различен пристап во водење на градот и вниманието кон граѓаните.

-Јас немам партиска книшка, иако долги години ги поддржував СДСМ. Учествував на сите предизборни кампањи од 2002 година. Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три и пол години е пасивен. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг, појаснува Шаќири за неговиот однос со сегашниот градоначалник, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Како прв ден, ако стане градоначалник, Шакири вели дека би ги примил сите граѓани околу себе во канцеларијата на град Скопје и дека мора да ја оправда нивната доверба и дека би испил кафе со нив.

Слични содржини