Шаќири: Продолжуваме да ја подобруваме бродбенд инфраструктурата низ целата држава

од Nikola Popovski
173 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација д -р Јетон Шаќири денеска ги прими на состанок претставниците на „Дојче Телеком“, предводени од г -дин Марк Васиќ – директор за меѓународни регулаторни работи, како и директорот на „Македонски Телеком“, г -дин Никола Љушев.

На состанокот, министерот Шаќири изрази благодарност до Телеком за помошта што им беше дадена на бизнисите погодени од пандемијата, каде што заедно со нашата Влада беше обезбедена помош за преку 200 компании во земјата погодени од пандемијата, за услуги за поврзување, “cloud”, е-трговија , итн., сите мерки од петтиот владин пакет за ублажување на негативните ефекти од пандемијата „Ковид -19“.

Исто така, на состанокот е разговарано и за можностите за подобрување на бродбенд инфраструктурата во проблематичните зони, белите и сивите зони, каде што домаќинствата имаат тешкотии или немаат можности за поврзување со интернет во моментот. Како еден од најпроблематичните региони за кои во наредните месеци ќе бараме заеднички решенија е регионот на Дебар, како и другите рурални зони.

На средбата со двајцата директори министерот Шаќири ја истакна важноста од имплементација на Законот за употреба на јазиците, поттикнувајќи го Телеком да ја унапреди употребата на албанскиот јазик во контактите со клиентите, што ќе го подобри искуството на клиентите Албанци, како и можноста за подобрување на соодветната застапеност во раководните структури на „Македонски Телеком“, земајќи ја предвид меритократијата.

Слични содржини