Шаленберг ја презеде функцијата канцелар на Австрија

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска положи заклетва како привремен Канцелар на земјата.

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен изјави дека функцијата му ја доверува на членот со најдолг стаж на федералната влада, објави јавниот сервис ОРФ.

Шаленберг привремено ја презема функцијата канцелар откако Карл Нехамер од Австриската народна партија поднесе оставка по неуспехот на преговорите за формирање владина коалиција меѓу неговата партија и Социјалдемократската партија на Австрија и Новиот австриски и либерален форум (НЕОС).

Слични содржини