380
Очекувам Западен Балкан да стане, без никакво сомневање, дел од Европската Унија, изјави министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг.
Тој изрази надеж дека земјите од регионот ќе се усогласат со политиката на Запад кон Русија, како што направија во Обединетите нации.
На прес-конференцијата по средбата со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, Шаленберг ја поздрави подготвеноста на претседателот Александар Вучиќ во петокот да ги продолжи разговорите со Приштина.