Шаленберг: Португалија во својата агенда да го има предвид проширувањето на ЕУ со земјите од З.Балкан

258 прегледи

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, во Лисабон денес изрази жалење затоа што не се отпочнати преговорите со С.Македонија и Албанија за членство во ЕУ и тоа за време на претседателството на Германија.

Во разговорот со португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош, Шаленберг изрази очекувања за тоа дека ќе се направи заложба за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, кога истата ќе биде под претседателство на Португалија од јануари.

Исто така, Шалленберг посочи дека е штета што останатите членки на ЕУ не успеале да ја убедат Бугарија да се откаже од блокадата на европскиот пат земјава, но нагласи дека сепак на одлагањето на процесот на проширување на Унијата свое влијание имала и пандемијата на коронавирусот.

Слични содржини