Шампионскиот Dodge Viper GTS-R GT2 чини 750.000 евра

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Поминаа десет години откако Dodge го пензионираше својот Viper. Моделот со V10 мотор важи за еден од најдобрите американски автомобили, а заслужи респектабилен статус и на GT2 трките. Една од верзиите сега се продава преку компанијата Race Cars Direct, а цената е „мала“.

Станува збор за моделот Dodge Viper GTS-R со број на шасија C36, развиен во 2000 година од француската компанија Oreca и кој постигна голем успех, вклучувајќи и три титули на FIA GT шампионатот. Љубителите на игри ќе го паметат од играта Gran Turismo.

Иако има малку информации, познато е дека автомобилот го придвижува преработената верзија на оригиналниот 8.0-литарски V10 мотор со тркачки спецификации. Се претпоставува дека развива околу 600 КС и тежи 1,1 тон. Моторот најверојатно е поврзан со 6-брзински мануелен менувач.

Овој Viper GTS-R не изгледа многу подолг од стандардниот, освен огромното задно крило, зелените тркачки светла и отворот на покривот. Исто така, има и малку понизок, поизвајан и подраматичен „боди кит“, кој ја нагласува впечатливата боја.

Цената на автомобилот е 750.000 евра без данок.

Слични содржини