ШАМПОНИ, ДЕТЕРГЕНТИ, ЧЕТКИ ЗА ЗАБИ: Русија воведе царини од 35 отсто за стоки од „непријателски земји“

од Nikola Popovski

Руската влада воведе царини од 35 отсто за одредени стоки увезени од земји кои Москва ги смета за непријателски, пренесува РИА Новости.

Документот е објавен на веб-страницата на руската влада, а указот го потпишал премиерот Михаил Мишутин.

– Одлуката важи до 31 декември 2023 година за стоки кои доаѓаат од земји кои ги нарушуваат економските интереси на Руската Федерација – се наведува, меѓу другото, во текстот на указот.

Руското Министерство за индустрија и трговија објасни дека станува збор за производи како шампони, разни производи за коса, четки за заби, опрема за бричење, дезодоранси, детергенти, средства за чистење…

На листата има и оружје и муниција од непријателските земји.

Слични содржини