127
Руската влада воведе царини од 35 отсто за одредени стоки увезени од земји кои Москва ги смета за непријателски, пренесува РИА Новости.
Документот е објавен на веб-страницата на руската влада, а указот го потпишал премиерот Михаил Мишутин.
– Одлуката важи до 31 декември 2023 година за стоки кои доаѓаат од земји кои ги нарушуваат економските интереси на Руската Федерација – се наведува, меѓу другото, во текстот на указот.
Руското Министерство за индустрија и трговија објасни дека станува збор за производи како шампони, разни производи за коса, четки за заби, опрема за бричење, дезодоранси, детергенти, средства за чистење…
На листата има и оружје и муниција од непријателските земји.