„Шанса за Центар“: Мапиравме скоро 700 јавни објекти загадувачи низ цела Македонија

од Nikola Popovski
221 прегледи

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ во Скопје мапираше над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење. Истакнуваат дека низ цела земја има близу 700 такви објекти.

-Ако не сакаме да дишеме воздух кој светските медиуми го опишуваат дека „мириса на изгорена пластика”, сега е шансата да се направи промена!

Се подготвува новиот државен буџет за 2024 година што е можност да се обратите до пратениците од секоја изборна единица и заедно да притискаме за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот! И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти.

Во 2023-та НЕ СЕ НАПРАВИ промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти кои се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима.

ТИЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа, велат од граѓанската иницијатива.

Истакнуваат дека за загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут.

-За нивното загревање за една сезона граѓаните преку Буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра, истакнаа од „Шанса за Центар“, објавувајќи линк од мапата.

Слични содржини