„Шанз-Елизе“ станува пешачка улица еднаш месечно

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Властите во Париз ги забранија автомобилите по култниот париски булевар “Шанз-Елизе” (Елисејските градини) секоја прва недела во месецот, во обид да го намалат загадувањето на воздухот, пишува британскиот весник “Гардијан”.4785319

Првиот пешачки ден по најпознатиот булевар во француската престолнина ќе биде на 8 мај, бидејќи 1 Мај е празничен ден и организацијата на движењето не може да биде направена, најавија од општината. Од тој ден па натаму сите автомобили по 2-километарскиот булевар ќе бидат забранети секоја прва недела во месецот кога музеите во Париз исто се бесплатни за посетителите.

Девет други маршрути ќе станат пешачки секоја недела, како и на национални празници во рамките на програмата за борба против загадувањето “Париз дише”.

Според властите во Париз чистотата на воздухот е еден од главните приоритети. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) загадувањето на воздухот со ситни честички во Франција предизвикува 42 000 смртни случаи секоја година.