Шарапова аут уште на стартот во Штутгарт

од Vladimir Zorba

Трикратната шампионка Марија Шарапова (Русија) отпадна во првиот круг на турнирот на земјени игралишта во германскиот град Штутгарт со награден фонд од 816 илјади долари.
 
31-годишната Шарапова, која учествуваше со „вајлд карта“, загуби во првиот натпревар од шестата во светот Каролин Гарсија (Франција) со 6:3, 6:7 (6), 4:6 за 2:44 часа. Двете тенисерки разменија по три брејка и направија 25 неизнудени грешки.
 
Шарапова нанижа 17 аса наспроти 6 за Гарсија и пласира 39 винери против 26 за Французинката.

Шарапова, која е шампион во Штутгарт од 2012 до 2014 година, е 41-ва во рангирањето на ВТА.
 
За неа, ова беше првиот натпревар од почетокот на март во Индијан Велс, кога се откажа поради повреда на раката.

Слични содржини