141
Синоќа, додека демонстрантите беа пред полициската станица „Пролет“, за поддршка на приведениот возач на пикапот на Шарената револуција, неколкумина беа пред Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски, и оставија печат со боја.
ФОТО: Приведените демонстранти и комбето на слобода
„Џовани и комбето се на слобода. Нема пријави, одземена е само боја и гуми од чаталот. Но, некоја друга боја го обележа режимското Основно јавно обвинителство“, стои во објавата на Фејсбук страницата „Шарена револуција“.
Денеска пак, неколку работници денеска, качени на скала го чистеа објектот на Основното јавно обвинителство кое вчера вечер во герила акција беше офарбано од припадниците на „Шарената револуција“.