Во културата на Гватемала задгробниот живот е исклучително популарен што лесно може да биде видливо и од начинот на кој изгледаат гробиштата на земјата.
Во многу држави во светот смртта се асоцира со црната боја, симболизирајќи тага, додека во Гватемала разновидните бои одат рака под рака со тагата.

“Шарените” гробишта се расфрлани низ провинциите на земјата, која се наоѓа во Централна Америка. Истакната карактеристика за нив е дека надгробните споменици се насликани во различни бои – од жолта и розева, до црвена и сина боја. 
Всушност изборот на конкретната боја не е случаен – обично тоа е омилената боја на починатиот човек , на тој начин уште еднаш се почитува неговиот спомен.
Некои од овие шарени гробишта, како оние во Солола и Чичикастенанго , станаа туристички атракции . За време на Сите Светци на 1 ноември, односно денот на мртвите, многу од гробиштата во Гватемала стануваат место за ритуали и молитви за луѓето кои веќе не се на овој свет.
Понекогаш локалните жители се облекуваат во шарени алишта и пуштаат во воздухот обоени летала , на кои се напишани различни пораки. На овој начин луѓето веруваат дека можат да комуницираат со мртвите.




