Шарл Мишел следната недела повторно доаѓа на Балканот

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, следната недела повторно ќе престојува во официјална посета на Западен Балкан, а по тој повод ќе ги посети Црна Гора, Северна Македонија и ќе се сретне со претставници на привремените институции во Приштина, соопштија за „Танјуг“ во Брисел.

Станува збор за вториот дел од „Балканската турнеја“ на Шарл Мишел, кој престојуваше во Србија, Албанија и БиХ во периодот од 19 до 21 мај.

Претседателот на Европскиот совет најави дека ќе ги покани лидерите од Западен Балкан, во соработка со Франција, како земја претседавач со Советот на ЕУ, на средба со лидерите на ЕУ на 23 јуни во Брисел, кога би требало да биде разгледана идејата за формирање на европска геополитичка заедница.

Слични содржини