На социјалните мрежи се шири насловната страница на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, на кој се наоѓа цртеж на британската кралица и Меган Маркл.
На насловната страница се појавува британска кралица со бесен израз на лицето кое држи колено на вратот на Меган Маркл. Јасно е дека авторот на цртежот сака да направи паралела со смртта на Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец му држеше колено на вратот седум минути.
„Зошто Меган ја напушти Бакингемската палата?“, стои на насловната страница.
„Бидејќи не можев повеќе да дишам“, стои во „облак“ како одговор на Меган.
Насловната страница ги разбесни обожавателите на британската кралица, но и многу активисти кои сметаат дека користењето на смртта на Џорџ Флојд за такви цели е крајно несоодветно.
