Актерката Кристин Дејвис откри дека била на аудиција за улогата на Моника Гелер за култната серија „Пријатели“, но улогата и припадна на актерката Кортни Кокс.
Наместо ѕвезда од серијата „Сексот и градот“, таа можеше да биде ѕвезда на серијата „Пријатели“, но сепак и двете улоги, особено кај женската популација, триумфираа.
Актерката, која моментално е во центарот на вниманието на јавноста поради серијата „And just like that“, на популарниот водител Џејмс Корден во емисијата „The Late Late Show“ му кажала дека во тоа време била пријателка со Кортни, а присуствувале и часови по јога заедно.
Тие се дружеле и надвор од тоа, а кога Кортни ја доби улогата и кога ја снимаа пилот епизодата, Кокс веднаш се пофали дека купила автомобил бидејќи има одлично чувство за успехот на серијата.
Кристин откри и како илјадници жени дошле на кастингот и дека е среќна што нејзината пријателка ја добила улогата. Но, ниту Кристин не остана без ангажман, бидејќи во една од епизодите ја глумеше Ерин, девојката на Џо, која исто така се спријатели и со Рејчел.