Шчесни: Би било непочитување да не се разгледа понудата на Барселона

од Milan1
16 прегледи

Полскиот голман Војчех Шчесни изјави дека би било непочитување да не се разгледа понудата на Барселона и покрај тоа што се пензионира на крајот на август. Шчесни изјави дека не сака да ја заврши кариерата на 34 години, но тоа го направи откако Јувентус не успеа да го продаде на клубовите во Саудиска Арабија и не сакаше да биде финансиски товар за клубот од Торино.

Плановите се сменија откако Барселона го контактираше да го замени Марк-Андре Тер Штеген, кој ќе отсуствува осум месеци поради тешка повреда на коленото.

„Имам голема почит за историјата на Барселона, тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Ја разбирам тежината на ситуацијата со повредата на Тер Штеген и мислам дека би било непочитување да не се разгледа оваа опција“, изјави Шчесни за шпански Спорт.

Шпанските медиуми објавија дека полскиот голман ги договорил личните услови со Барселона и ќе го потпише договорот оваа недела, а остануваат да се решат неколку правни технички работи.

Слични содржини