Шеесет средни училишта од Западен Балкан одбрани се да учествуваат во програмата Superschools на RYCO

од Vladimir Zorba
209 прегледи

По повод Меѓународниот ден на образованието со годинешната тема Менување на курсот, трансформација на образованието шеесет средни училишта од Западен Балкан одбрани се да учествуваат во програмата Superschools на регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO. Учениците и професорите ќе имаат можност да спроведат училишна размена со партнерско училиште и да учествуваат во програмските активности посветени на градење на нивните капацитети, поврзување и соработка.

Годинешното одбележување на меѓународниот ден на образованието го потенцира образованието како клучно за одредување на курсот кон повеќе права и одржливост. Пандемијата со Ковид – 19 ја продлабочи постоечката криза во образованието. Доколку не се превземе акција за поправање на состојбата преку поддршка за наставниците и зголемено финансирање, загубите при учењето и бројот на ученици кои го напуштаат образованието ќе продолжат да се зголемуваат и ќе претставува реверзибилен процес на напредокот кон Целите за одржлив развој воедно лишувајќи ги младите од достоинствена иднина и можности. Поради тоа RYCO заедно со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) а во името на ЕУ и Германската влада сакаат да придонесат за градење на одржлива, инклузивна и мирна иднина преку инвестирање во младите луѓе и нивното образование.

Во склоп на првиот отворен повик на програмата Superschools пристигнати се сто дваесет и седум предлог проекти, а додека повеќе од 412 училишта од регионот на Западен Балкан ја користеле платформата www.superschools.net за да се поврзат со други училишта. Комисијата која одлучуваше имаше тешка задача да одбере триесет најдобри предлог проекти кои ќе имаат за цел да ги поддржат процесите за помирување и градење мир, како и интеркултурно учење и дијалог помеѓу училиштата, учениците и нивните заедници.

Програмата за размена ќе се реализира од февруари до мај 2022 година, а секое училиште ќе организира една посета на своето партнерско училиште, со група од 10 до 20 ученици и еден до двајца наставници. Посетата треба да е во траење од 6 до 10 дена.

Преку програмата за размена, учениците и професорите ќе имаат шанса да патуваат, да се презентираат себеси, своето училиште и обичаите на нивните домаќини

Слични содржини