Шеф на јапонска корпорација: Вештачката интелигенција за 10 години ќе ја надмине човечката

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Општата вештачката интелигенција (AGI) за 10 години ќе ја надмине човечката интелигенција во речиси сите области, изјави извршниот директор на јапонската инвестициска корпорација SoftBank Масајоши Сон.

„Погрешно е да се каже дека вештачката интелигенција не може да биде попаметна од луѓето бидејќи ја создале луѓе. Таа сега учи самостојно, самостојно се обучува и самостојно носи заклучоци, исто како и луѓето“, нагласи Сон, пренесе Си-Ен-Ен.

Говорејќи на корпоративната конференција на SoftBank World, тој предвиде дека во иднина AGI ќе биде десет пати поинтелигентна од збирот на целокупната човечка интелигенција.

Слични содржини