Шефица на италијански музеј за отказот на директорка поради скулптурата на Давид: „Тоа е лудо“

од Stefanija Kuzmanovska
151 прегледи

Директорката на италијанскиот музеј каде што е изложен Давид на Микеланџело ги критикуваше „настраните умови“ кои голотијата ја поистоветуваат со порнографијата, откако директорката на едно американско училиште беше отпуштена затоа што на учениците им покажала фотографија од скулптурата на познатиот ренесансен уметник на час по уметност.

Сесили Холберг, директорка на Академската галерија во Фиренца, рече дека тоа покажува „огромно непознавање“ на историјата на уметноста.

„Лудо, зборуваме за ренесансна икона“

Директорката на училиштето во Талахаси, Флорида, Хоуп Караскила, ја загуби работата минатата недела по поплаките дека покажала фотографија од гола мермерна скулптура на Давид на одделение од 11 и 12-годишни деца.

Еден родител наводно се пожалил дека фотографијата е порнографска.

„Ова е навистина лудо. Зборуваме за икона на ренесансата, Давид на Микеланџело“, навела Холберг.

Таа скулптура, истакна таа, е предмет на восхит поради нејзината убавина и „чистота“.

„Мора да имате настран ум за да ја споредите голотијата со она што е сугерирано бидејќи има голема разлика помеѓу голотија и порнографија“, истакна Холберг.

Таа не криеше дека е зачудена од „огромното незнаење“ за историјата и историјата на уметноста, што „повеќе од се е многу тажно“.

„Сите оние кои се вознемирени од оваа скулптура имаат сериозен проблем со корените на западната култура“, заклучи Холберг.

Слични содржини