Закрепнувањето на светската економија донекаде беше забавено на крајот на минатата година од најголемите светски економии – САД и Кина. Ова го изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева за CNBC.
„Тие изгубија дел од нивната стимулација за раст и тоа веќе се рефлектира во влијанието што овие два двигатели на светската економија го имаат врз остатокот од светот. Ќе излеземе со прогнози за крајот на месецот и таму ќе има одреден пад“, рече Георгиева.
Според Бугарката, инфлацијата во САД се очекува да падне во вториот квартал од годинава. Падот зависи од справувањето со ограничувањата на синџирот на снабдување, со одредени знаци на напредок.
Во однос на кинеската економија, Кристалина Георгиева коментира дека потрошувачката не е доволно зголемена за да се компензираат проблемите предизвикани од пандемијата.
Во исто време, управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд нагласи дека Пекинг има фискална можност да ја зајакне својата економија за да постигне раст од 5 отсто