Шефицата на шведската дипломатија Ен Линде денеска изјави дека членството на земјата во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на соседните земји околу Балтичкото Море и ќе има стабилизирачки ефект.
Линде го изјави тоа еден ден откако соседна Финска одлучи да поднесе барање за членство во Алијансата.
„Членството на Шведска во НАТО би имало ефект да го спречи конфликтот во северна Европа“, изјави шефицата на шведската дипломатија.