Шефицата на шведската дипломатија Ен Линде денеска ги окарактеризира како дезинформации обвинувањата на Турција дека Шведска ја поддржува Курдистанската работничка партија (ПКК).
„Поради широко распространетите дезинформации за односите меѓу Шведска и ПКК, би сакале да ве потсетиме дека шведската влада на Олоф Палме, во 1984 година, веднаш по Турција, ја окарактеризира ПКК како терористичка организација и таа позиција останува непроменета“, објави Линде на Твитер, пренесува „Ројтерс“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави вчера дека Шведска и Финска се кријат и финансираат „терористи“, повторувајќи го обвинувањето на Анкара дека двете земји ја поддржуваат ПКК и сириската курдска милиција (ИПГ), пренесува британската агенција.