Додека BMW подготвува голем број нови целосно електрични возила, самата компанија сè уште не се обврзала на конкретен датум на кој ќе се откаже од продажбата на модели со мотори со внатрешно согорување. Според нејзиниот извршен директор, Оливер Ципсе, светот не е подготвен за такво нешто.
Во интервју за германската автомобилска компанија Automobilwoche, шефот на BMW изјави дека прекинот на продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување нема ни да има позитивно влијание врз животната средина.
„Најголемиот пазарен сегмент во Германија е за автомобили со мотори со внатрешно согорување. Истото важи и за Европа и за целиот свет. Затоа, пред да се откажете од нив, треба да размислите каде ќе бидете и што ќе правите за 8-10 години. Затоа предупредуваме дека се уште е рано. Глупаво е да се откажеш од технологијата, благодарение на која имаш силна позиција на пазарот, без реална потреба од тоа“, објасни Ципсе.
Шефот на BMW додаде дека напуштањето на моторите со внатрешно согорување нема да и помогне на климата или на нешто друго. Баварската компанија е толку уверена дека конвенционалните погонски единици имаат иднина и затоа веќе работат на новата генерација на мотори со 4, 6 и 8 цилиндри. Новите мотори ќе бидат многу поефикасни од оние што ги заменуваат.
Ова, се разбира, не значи дека BMW не инвестира многу во електрични возила. Всушност, германскиот производител развива целосно нова платформа за електрични возила, наречена Neue Klasse, која ќе биде основа за многу нови модели со импресивен дизајн и електрифицирани погони.