Шефот на германската разузнавачка служба предупредува на пораст на екстремизмот

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Шефот на германската разузнавачка агенција, Томас Халденванг, денеска предупреди на порастот на антивладиниот екстремизам, кој го поттикнуваат авторитарни држави како Русија, кои сакаат да предизвикаат поделби во општеството и да ја соборат владата.

Според него, германските безбедносни агенции осуетиле неколку заговори во изминатите неколку години од мали групи поврзани со движења обвинети за планирање напади врз критична инфраструктура, владини претставници, па дури и националниот парламент, пренесува АП.

Иако останува нејасно во која фаза на спроведување се тие планови, властите се загрижени дека наводните заговорници набавиле оружје и во своите активности вклучиле луѓе како што се судии и полицајци кои вообичаено не се на радарот на безбедносните служби.

Слични содржини