Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, минатата година „однесе дома“ значителна сума пари.
Имено, Индиецот е на позицијата не само шеф на Google, туку и на Alphabet, нејзината матична компанија. Во 2022 година, според CNN, тој заработил речиси 226 милиони долари.
Поголемиот дел од платата дојде од акции, во вредност од повеќе од 218 милиони долари, а остатокот од надоместокот дошле од основната плата во вредност од 2 милиони долари; повеќе од 5 милиони долари спаѓаат во категоријата „приватно обезбедување“.
Тоа секако е голем поттик за Пичаи, кој заработи нешто повеќе од 6 милиони долари во 2021 година и 7,4 милиони долари во 2020 година. Неговите акции се зголемуваат на секои три години, а во 2019 година доби сличен пакет како овој сега – од 281 милион долари.
Во меѓувреме, акциите на Alfabet се намалени за 39% во 2022 година во услови на пошироко забавување на технологијата и тој пазар. Во 2023 година, акциите се зголемија за околу 19,5% од јануари.