Извршниот директор на „JPMorgan Chase“, Џејми Дајмон предвидува економски „ураган“ предизвикан од војната во Украина, зголемени инфлациски притисоци и зголемување на каматните стапки на Федералните резерви на САД, пишува CNN.
Тој употребил метеоролошки речник во својот говор на конференцијата во Бернштајн.
„Повремено сончево е во моментот, работите изгледаат добро. Сите мислат дека Федералните резерви можат да се справат со тоа. Сепак, ураган е на повидок и доаѓа кон нас. Не знаеме дали е мала или супербура. Подобро подгответе се“, рече Дајмон.
Тој додаде дека JPMorgan Chase се подготвува за лоши резултати. Дајмон истакна и дека централната банка мора да ги зголеми стапките поради зголемувањето на цените на становите и другите инфлациски притисоци. Нагласи дека сè уште мисли дека американскиот банкарски систем е во „одлична состојба“ и дека може да ги издржи тие предизвици.
Дајмон, исто така, рече дека JPMorgan Chase ќе даде се од себе за да привлече таленти за да останат на врвот на финансискиот свет. Извршниот директор рече дека „религиозно“ ќе се посвети на добри плати за да ги задржи своите најдобри работници.