Шефот на кабинетот на Зеленски: Стануваме посилни, тоа што уште не го добивме од помошта – ќе го добиеме

од Radmila Tasevska
161 прегледи

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак денес изјави дека Киев на крајот ќе добие воена помош од Западот, што ќе му помогне да победи во конфликтот со Русија.

„Стануваме посилни. И сè што уште не сме добиле, ќе добиеме“, напиша Јермак на својот профил на социјалната мрежа Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој ова го изјави откако претходно денес полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека сојузниците на Киев не донеле одлука за испорака на тенкови „Леопард 2“ на Украина.

Слични содржини