132
Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска изјави дека односите меѓу неговата земја и Русија се фактор кој ќе донесе глобален мир и стабилност.
„Ние сме добри соседи, добри партнери и ги претставуваме силите на доброто во светот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи за ТВ „Русија 1“, пренесува ТАСС.
Според Чин Ганг, односите меѓу Русија и Кина се засноваат на заеднички интереси и не претставуваат закана за ниту една друга земја.