Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изрази загриженост поради можна несреќа во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.
Електраната работи, но со потешкотии, така што во сегашните услови не може да се исклучи сценариото на несреќа. Недостигот на струја, проблемите со горивото ме загрижуваат“, вели Гроси во интервју за француски „Монд“.