234
Шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, денеска ги повика производителите на нафта ОПЕК + да го намалат јазот меѓу зборовите и делата, реагирајќи на силниот скок на цените на „црното злато“ на највисоко ниво во повеќе од седум години.
Говорејќи на индустриски собир во Каиро, кој беше емитуван на египетската државна телевизија, Бирол исто така рече дека политизирањето на ситуацијата на пазарот на гас во Европа не е во ничија корист, пренесе Ројтерс.
Меѓународните цени на нафтата денеска продолжија да растат на повеќе од 96 долари за барел, што е нивно највисоко ниво по повеќе од седум години, откако утрово прво надминаа 95 долари.