Извршниот директор на Mercedes-Benz, Ола Калениус, рече дека Кина е премногу вреден фактор во автомобилската индустрија за да се игнорира.
Говорејќи на форумот на бизнис школата ESMT во Берлин претходно оваа недела, Калениус рече дека е длабоко убеден во придобивките што ги носи глобализацијата и дека би било сосема незамисливо да се одбие земја како Кина.
Калениус ги даде коментарите набргу откако германскиот канцелар Олаф Шолц испрати делегација на бизнис лидери во Кина. Шолц ги предупреди германските компании да го диверзифицираат својот бизнис доколку се променат односите на земјата со Кина откако нејзиниот претседател ќе го продолжи мандатот.
„Свртувањето грб на Кина поради нешто што потенцијално може да се случи е сосема погрешна одлука“, истакна Келаниус, како што објави Automotive News Europe.
Не е изненадување што шефот на марката Mercedes-Benz ја разбира и ја цени важноста на кинескиот пазар за германските производители на автомобили. Во таа насока, добрата продажба во третиот квартал од оваа година резултираше со вкупно 520.100 испорачани возила од Mercedes-Benz, од кои околу 206.800 се продадени во Кина.
Кина стана толку голем пазар за германскиот бренд што лесно ја засени Европа, која имаше вкупно 152.700 продажби во третиот квартал, додека само 83.200 единици беа испорачани преку океанот. Продажбата во Кина скокна за 37% во третиот квартал со 150.600 продадени примероци во однос на истиот период минатата година, но она што е најинтересно е благ пад од 5% во однос на првите девет месеци од минатата година кога вкупната продажба беше 562.600 единици.
Продажбата на моделите на Mercedes-Benz во Кина е многу добра веќе долго време, толку многу што во оваа нација беа продадени вкупно 774.000 примероци во текот на 2020 година, и покрај пандемијата што беше во полн ек.