Јужна Кореја е сè поважен извозник на оружје на светско ниво и неодамна потпиша договори за продажба на стотици тенкови на европските земји, вклучително и Полска, членка на Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес побара од Јужна Кореја да ја „засили“ воената помош за Украина, советувајќи го Сеул да ја укине забраната за испраќање оружје на земјите во војна.
„Ако веруваме во слободата, во демократијата, ако не сакаме да надвладеат автократијата и тоталитаризмот, тогаш им треба оружје“, изјави денес Столтенберг во институтот во Сеул, повикувајќи ја Јужна Кореја да направи повеќе за поддршка на Киев.
Вчера Столтенберг се сретна со високи јужнокорејски претставници, вклучително и министерката за надворешни работи Парк Џин, како дел од турнејата чија цел е зајакнување на врските на НАТО со сојузниците во Азија.
Јужна Кореја е сè поважен извозник на оружје на светско ниво и неодамна потпиша договори за продажба на стотици тенкови на европските земји, вклучително и Полска, членка на Алијансата.
Сепак, нејзините закони забрануваат продажба на оружје на земјите во војна, што го отежнува испораката на оружје во Украина, на која Сеул сепак испрати несмртоносна воена опрема и хуманитарна помош.
Столтенберг посочи дека на Киев итно му треба повеќе оружје. Тој посочи дека земјите како Германија и Норвешка, кои имаат слични закони со Јужна Кореја во однос на извозот на оружје, го промениле за да го поддржат Киев.
Јужна Кореја минатата година ја отвори својата прва дипломатска мисија во НАТО.
Столтенберг рече дека е „исклучително важно“ рускиот претседател Владимир Путин да не победи во оваа војна, оценувајќи дека руската победа ќе го направи светот поопасен.