Шефот на ОН за клима повика да се најде излез од „климатскиот хаос“

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Шефот на политиката за климатски промени во Обединетите нации предупреди против политичките игри што ја спречуваат климатската конференција КОП28 што се уште е во тек во Дубаи.

„Сите ги знаеме размерите на климатската криза. КОП28 мора да биде за решенија за да се извлечат сите земји од овој климатски хаос“, рече денеска Сајмон Стил, шеф на Секретаријатот на ОН за климатски промени, на настанот во градот на Обединетите Арапски Емирати.

Најспорното прашање на самитот, кој започна на 30 ноември, е дали земјите можат да се согласат постепено да ги укинуваат јагленот, нафтата и гасот.

Слични содржини