229
Вештачката интелигенција (ВИ) ќе стане социјално и политичко прашање, а не само технолошко, изјави шефот на американската компанија за развој на вештачка интелигенција Open AI во интервју за Bloomberg на Светскиот економски форум (WEF) во Давос.
На прашањето дали развојот на вештачката интелигенција може да го зголеми јазот меѓу работничката класа и луѓето кои профитираат од развојот на вештачката интелигенција, Алтман одговори „Да, апсолутно“.
Некои лидери дојдоа на власт водени од поддршката на електоратот од работничката класа кој негодува да се чувствува запоставен, а напредокот во технологијата го влошува тој проблем, пренесува CNBC.