Шефот на Пентагон: Следната војна ќе биде многу поразлична

од Vladimir Zorba
226 прегледи

САД мора да се подготват за потенцијален иден конфликт кој ќе се разликува многу од „старите војни“, изјави денеска американскиот министер за одбрана, Лојд Остин.

Остин повика на работа за развој на технологијата и подобри глобални воени врски со цел да се донесат побрзи одлуки и да се дејствува побрзо, пренесува Гласот на Америка (ВОА).

„Нашата борба во следната голема војна ќе биде многу поразлична од претходната“, рече Остин во Пацифичката команда на САД на Хаваите.

Тој, сепак, не зборуваше конкретно за ривали како Кина или Русија, ниту пак навестуваше за каков конфликт може да се работи, според Гласот на Америка.

„Не можеме да предвидиме што ќе се случи во иднина. Затоа мора да направиме вистинска комбинација на технологија, оперативност и можности и да се поврземе така што секој наш непријател ќе размисли добро пред да стори нешто“.

Одговорот на САД може да биде индиректен, вели Остин, опишувајќи сценарио во кое сајбер војната може да одговори на поморски инцидент оддалечен илјадници милји.

Обраќањето на шефот на Пентагон се совпадна со почетокот на повлекувањето на американската армија од Авганистан, со одлука на претседателот на САД, Џо Бајден.

Критичарите велат дека повлекувањето на САД од Авганистан нема да го прекине внатрешниот конфликт, ниту да ја намали заканата од тероризам.

Слични содржини