Шефот на Тојота: „Електричните возила никогаш нема да имаат повеќе од 30 отсто од пазарот, па милијарда луѓе воопшто немаат струја“

од Vladimir Zorba
510 прегледи

Првиот човек на Тојота, Акио Тојода изјави дека електричните возила никогаш нема да доминираат на светскиот пазар. Тој рече дека електричните возила никогаш нема да имаат удел повеќе од 30 проценти на глобално ниво и дека во наредните години ќе доминираат бензинците и хибридите, заедно со возилата со водород.

На саемот за автомобили во Токио претходно овој месец, Тојода праша: „Како електричните возила можат да бидат иднината кога милијарда луѓе во светот немаат електрична енергија? Поради ова, се стремиме да обезбедиме други опции бидејќи електричната опција сама по себе не може да обезбеди превоз за секого. Апсолутно сум сигурен дека бензинските пумпи ќе ја преживеат транзицијата“.

И покрај коментарите на Тојода, неколку пазари се веќе далеку над таа ознака од 30 проценти. Норвешка, на пример, веќе достигна 82,4 отсто од уделот на пазарот во 2023 година, пишува Electrek.

Другите пазари, вклучувајќи ги Шведска (32%), Холандија (24%) и Кина (24%), ја надминаа границата или ќе го сторат тоа наскоро.

Кина е најдобар пример за тоа колку брзо може да расте уделот на електрични возила. Електричните возила сочинуваа само шест проценти од вкупната продажба на автомобили во Кина во 2020 година.

Но, минатата година таа бројка отиде над 24 проценти.

Слични содржини